Збратимување со ИПА Регија Југ – Црна Гора

Збратимување со ИПА Регија Југ – Црна Гора

Во периодот од 4-6.10.2019 година во близина на Херцег Нови, Црна Гора престојуваше 53 члена делегација од ИПА Регион Скопје и 2 члена делегација од ИПА Регион Штип.

Целта на патувањето беше потпишувањето на Повелба за Збратимување на ИПА Регион Скопје со ИПА Регија Југ, како круна на долгогодишната интензивна соработка помеѓу овие два Региони на ИПА.

Патувањето беше проследено со посета на стариот град Улцињ, посета на Вилата “Галеб” во Игало и стариот град Котор.

Свеченото потпување на повелбата се случи во х. ЈЕЛЕНА на 5.10.2019 година а истата беше потпишана од Претседателот на ИПА Регија Југ Дејан Јанковиќ и Потпреседателот на ИПА Регија Југ, Шефкија Кургаш од една страна и Претседателот на ИПА Регион Скопје, Игно Стојков и Генералниот секретар на ИПА Регион Скопје Игор Манојлоски, а УО на ИПА Регион Скопје беше претставен и од страна на благајникот на ИПА Регион Скопје, Орце Јовановски, член на УО Зоран Стевиќ, Претседателот на ветерани -пензионери, Васко Трпески и други членови од различни организациони единици.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на нашите домаќини за одличната организација и пречек.

Воедно им се заблагодаруваме и на членовите на ИПА Регион Штип и ИПА пријатели кои го збогатија настанот со своето присуство.

Напоненуваме дека ова патување немаше да биде реализирано без помошта на нашите ИПА пријатели и членовите на ИПА Регион Скопје.

Servo per Amikeco