ИПА марш во Штудгарт

ИПА марш во Штудгарт

12 члена делегација на ИПА Регион Скопје од 28-30.6.2019 година, на покана на ИПА Регион Штутгарт од Германија зеде активно учество на Третиот традиционален меѓународен ИПА марш.

Посебна благодарност до Потпретседателот на ИПА Германија, Оливер Хофман кој како член на ИПА Штутгарт упати покана за учество на оваа меѓународна манифестацијата.

Исто така нашата делегација беше почестена со присуството на Претседателот на Националната секција, Робертино Ацевски.

Им се заблагодаруваме на домаќините за одличната организација на овој настан.

Делегацијата на ИПА Регион Скопје на враќање го посети ИПА Регион Брчко каде беше пречекана од Претседателот на ИПА Регион Брчко, Милан Николиќ, Дарко Пудиќ и други ИПА членови и ИПА пријатели.

Како врв на долгогодишната соработка договорено е идната година во БРЧКО-БИХ да се потпише повелба за збратимување на ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Брчко

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме за одличната организација и пречек на нашата делегација.