Посета од Германија и Швајцарија

Посета од Германија и Швајцарија

Во периодот од 31.1-2.2.2020 во посета на ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Тетово беше група од пет членови на ИПА од кои четири од Германија, Баварија ИПА Регион Нојберг, Germany, Bavaria IPA Neuburg.

– Reindel Thomas President
– Schäfer Matthias
– Grassl Willibald
– Hubert Hecht

И еден член на ИПА од Швајцарија Switzerland
-Claudio Granja

Од наша страна беше организирана посета на една полициска станица како и
посета на културно-историски споменици во Скопје и Тетово. Гостите имаа прилика да се запознаат со нашата кујна и национални специјалитети, да се дружат со нашите ИПА членови и да разменуваат искуства од секојдневното работење на нашите ИПА членови. Неизбежно беше посетен и нашиот ИПА ИНФО ЦЕНТАР каде беа разменети скромни ИПА поклони.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на УО и нашите ИПА членови од ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Тетово кои се погрижија нивниот престој да помине беспрекорно.

Секако посебна благодарност и до нашите ИПА пријатели.

Со почит

Преку служба до пријателство

Servo per Amikeco

И.М.