АКТИВНОСТИ НА ИПА РЕГИОН СКОПЈЕ ПО ПОВОД 8-ми МАРТ

АКТИВНОСТИ НА ИПА РЕГИОН СКОПЈЕ ПО ПОВОД 8-ми МАРТ

На ден 08.03.2023 година а по повод  ” 8-ми МАРТ ,Денот на Жената, Меѓународното полициски здружение  -ИПА Регион Скопје, во рамките на своите планирани активности, во координација со СВР Скопје, Одделение за Превенција, го одбележа празникот со делење на освежувачи за автомобил на жени, учесници во сообраќајот како пешаци или возачи, на повеќе локации во Скопје со испишани пораки „Бидете совесни“ и „Возете внимателно“ ,
Пораките се испишани со цел почитување на сообраќајните знаци и правила, како и подигнување на свеста за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Во овие активности беа вклучени многубројни полициски службеници и ИПА членови од ПСОН Центар,ПСОН Бит Пазар, ПСОН Кисела Вода, ПСОН Карпош и ПСОН Аеродром.
I.S.