Регионална Средба 18.12.2019 – 20.12.2019 во Скопје

Регионална Средба 18.12.2019 – 20.12.2019 во Скопје

Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели

Ве известуваме дека од 18-20.1.2019 година во Скопје се одржа регионална средба на која учествуваа повеќе ИПА Региони од соседството и пошироко.

– Од Србија Регион Ниш, Крушевац, Смедерево..

– Од Бугарија Регион Бургас, Стара Загора, Пловдив и Софија

– Од Црна Гора Регион Југ

– Од Босна и Херцеговина, Република Српска Регион Бјелина.

Од Наша страна во Петокот гостите беа пречекани и сместени во Хотел Континентал а потоа им беше организирана Friendship вечера во Ресторан Доместика со помош на нашите ИПА пријатели ДЕ-ЦАР, УНИЈА КЛУБ и ГЛОБАЛ ТРАНС ДМ.

Во Сабота после доручек беше организирана прошетка низ центарот на градот Скопје а потоа посета на ИПА пријателите, Ресторан Наргиле во Старата Скопска чаршија на освежување со чај и кафе.

По прошетката беше организиран ручек и дегустација на пиво во Пивница Стар Град – Темов. Исто така подоцна во слободно време дел од нашите гости ја посетија Гостилницата Кај Перо во Дебар маало, која е еден од најстарите наши ИПА пријатели.

Вечерта во Хотел Континентал во салата Фонтана беше организирана свечена вечера на која беше потпишана Повелба за збратимување на ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Ниш.

Оваа свеченост покрај гостите од странство беше збогатена и со присуство на нашите ИПА пријатели, ИПА Регионите Охрид Прилеп, Штип, Струмица и Куманово, како и голем број членови од ИПА Регион Скопје.

Посебна благодарност до УО на ИПА Националната Секција и Претседателот Робертино Ацески и најстариот член Љупчо Андоновски за нивната подршка.