Шеста меѓународна IPA средба

Шеста меѓународна IPA средба

Во периодот од 13-15.12.2019 во Скопје во организација на ИПА Регион Скопје се одржа шестата меѓународна средба, односно втора меѓународна средба на збратимени региони.

Настан кој беше збогатен со учество на делегации од Израел, Грција, Германија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и нашите Збратимени Региони ИПА Ниш Србија , ИПА Регија Југ, Црна Гора со подрегија Улцињ и Херцег Нови, ИПА Регион Halle/Salle од Германија и ИПА Регион Бургас од Бугарија.

Нашите гости имаа можност на Гала вечерата да дружат со над 300 членови и ИПА пријатели од Скопје и другите ИПА региони од државата.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите наши гости од странство, ИПА партнери, ИПА пријатели и членовите на ИПА Регион Скопје кои дадоа поддршка за одржување на овој настан и зедоа активно учество во неговата организација.

До видување до следниот настан.

SERVO PER AMIKECO

И.М.