Хуманитарен меѓународен турнир во мал фудбал во Бургас,Бугарија 04-06.06.2021

Хуманитарен меѓународен турнир во мал фудбал во Бургас,Бугарија 04-06.06.2021

ИПА Регион Скопје со 9 члена Делегација ,традиционално по петти пат, зеде активно учество на Хуманитарниот меѓународни турнир во мал фудбал во Бургас, Бугарија кој се одржа од 04-06.06.2021, на покана на Претседателот на ИПА Регион Бургас, Павлин Ковачев.
На турнирот учествува 24 екипи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Полска, Романија и Турција, а истиот се одржува секоја година во чест на децата на починатите припадници на полицијата.
Нашиот тим го заврши турнирот со една победа од 8:2 и еден пораз од 1:2 , што е одличен резултат имајќи во предвид дека нашиот тим патуваше цел ноќ и пристигна во Бургас околу 08:00 часот а веќе во 12.45 го играше првиот натпревар.
Огромна благодарност до нашиот братски  ИПА Регион Бургас за одлична организација.
Преку служба до пријателство.

И.М.