СОБРАНИЕ НА ИПА РЕГИОН СКОПЈЕ 18-20.06.2021

СОБРАНИЕ НА ИПА РЕГИОН СКОПЈЕ 18-20.06.2021

Почитувани

Од 18-20.06.2021 година во прекрасниот амбиент на хотел “МИЗО“ во Охрид се одржа годишното собрание на ИПА МКД-Регион Скопје како и меѓународна средба и дружење со 9 ИПА Региони од соседните држави, а во чест на десет годишното постоење на ИПА МКД и ИПА регион Скопје како и 70 години постоење на Интернационалната Полициска Асоцијација.

Воедно на 18.06.2021 година во 14,оо часот започна и on-line ИПА Медитеранската конференција на која учествуваа преставници на 26 држави а на која домаќин беше нашата национална секција, истата беше оценета како успешна од страна на светскиот потпретседател на ИПА господинот Кирјакос и се надеваме дека наредната година истата ќе се одржи кај нас во живо.

Имено поради ограничувањата со пандемијата COVID 19 и ограничувањето за одржување на јавни собири, веднаш штом условите тоа го дозволија УО на ИПА Регион Скопје пристапи кон реализација на обврската за одржување на редовното годишно собрание.

Со оглед на фактот дека изминатите година и половина ИПА практично и неможеше да организира било какви настани, УО на ИПА Регион Скопје реши да ја искористи оваа прилика и за оджување на меѓународна средба со збратимените региони од соседните држави.

На овој настан беа поканети вкупно 14 ИПА Региони од Хрватска, Србија, Романија, Германија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора и Босна и Херцеговина а на поканата се одзваа следните региони со вкупно 42 преставници:

ИПА Регија Југ, Црна Гора

ИПА Регија Крушевац, Србија

ИПА Регија Бор,Подрегија Неготин, Србија

ИПА Регион Брчко, Босна и Херцеговина

ИПА Бургас, Бугарија

ИПА Регион Скадар од Секција во формирање, Албанија

ИПА Регион Темишвар, Романија

Особена чест ни беше што наш гостин беше и Претседателот на националната секција на ИПА Црна Гора г-дин, Војислав Драговиќ, Претседателот на ИПА Регион Темишвар г-дин Ѓеорѓе Молдован, Потпретседателот на националната секција на ИПА Србија г-дин Александар Бариќ, Претседателот на ИПА Регион Бургас г-дин Павлин Ковачев, Потпредседателот на националната секција во формирање на ИПА Албанија, г-дин Ардијан Загањори и сите други ИПА членови од странство. Особено значење на настанот даде со своето присуство и директорот на локалната полиција на областа и градот Темишвар, г-дин. Дорел Којан.

На Собранието на ИПА МКД-Регион Скопје беа поканети и преставници од другите осум ИПА Региони од земјата кои зедоа активно учество во настаните со по двајца делегати, околу 50 делегати од ИПА Регион Скопје, Членови на Комисии и УО на ИПА Регион Скопје, како и Претседателот на ИПА МКД Г-дин Робертино Ацевски.

Собранието започна со свечен позддрав на униформираните полициски службеници предводени од г-дин Игно Стојков ,на државното и знамињата на МВР на Р.С. Македонија и ИПА Регион Скопје, по што беа интонирани државната химна на РСМ, химната на ИПА и беше оддадена почит со едноминутно молчење на сите загинати и починати припадници на МВР и колегите од сите држави.

На почетокот Собранието беше поздравено со Телеграма од Директорот на БЈБ при МВР на РСМ, г-дин. м-р Сашо Тасевски, долгогодишен член на ИПА, со честитка за успешна работа и по повод 10 години од формирањето на ИПА МКД и ИПА Регионот Скопје и другите осум Региони. (телеграмата во целост е во прилог на текстот)

Воедно упатуваме голема благодарност и особена почит кон нашиот долгогодишен ИПА член , Г-дин  д-р Тони Станковски, Помошник Директор во БЈБ, кој даде несбичен придонес во овој за Нас голем настан, следејќи ги целите и принципитена Меѓународната полициска асоцијација – ИПА.

По отварањето на Собранието од страна на Претседателот на ИПА Регион Скопје,

г-дин Игно Стојков и поздрав до нашите гости од странство беше направена заедничка фотографија на сите ученици на настанот по што за гостите од странство беше организирано

туристичко разгледување на нашиот Бисер-Охрид со туристички водич и организиран превоз а делегатите продолжија со работа.

За време на Собранието беа усвоени Годишниот и Финансискиот Извештај за работа за 2020 година и Програмата за работа на ИПА Регион Скопје, а воедно и Предлог Правилниците за ИПА пријатели, Донации и грантови и за финансиско работење.

По завршување на официјалниот дел од Собранието беа разменети пригодни подароци со сите ИПА Региони а воедно беа доделени Пофалници и пригодни подароци за ИПА членовите кои дадоа особен придонес во организација на ОВА Собрание, Отворањето на новите Канцеларии на ИПА МКД и ИПА Регион Скопје и дадоа особен придонес во промовирање на идеите на ИПА:

– Стефан Тасевски и Петар Скојков – за особен придонес во афирмирање на идеите на ИПА помеѓу младите полициски службеници

– Ајџан Исламовска – за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година

– Љубиша Спасоски-Смоки за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година и Организација на Годишното Собрание.

– Мира Велковска – за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година

– Орце Јовановски и Горан Миленковски- Спенсер – за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година и организација на Собранието.

– Даниел Киров – за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година и освоените 5 златни медали на последните две големи спортски натпреварувања Скопје Виз Аир Маратон и Охрид Трчат ( оваа Пофалница се однесува на сите учесниц на овие трки и членови на Комисијата за спорт)

– Милисав Мијаличиќ и Васко Трпески – за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година и Клубот на Ветерани на ИПА Скопје ( ПС им посакуваме среќни и долговечни денови како наши ветерани )

– Викторија Ивановска и Соња Спасова-Арсовска за особен придонес кон ИПА Регион Скопје во изминатата година и како “куми“ на две наши ИПА збратимувања.

И секако на крај да не заборавиме на Претседателот на ИПА Регион Скопје, Г-дин Игно Стојков, Генералниот Секретар на ИПА Регион Скопје и пом.ген. Секретар на ИПА МКД, Игор Манојлоски и сите членови на УО, Комисии, ИПА преставници и членови без кои сето ова нема да беше возможно да се оствари.

Во текот на вечерта пред почеток на организирата забава покрај Базенот беа разменети пригодни подароци со сите странски делегации а воедно беше проследена и презентацијата на Туристичките можности на соседна Албанија од страна на туристичкиот промотор на ИПА Албанија(секција во формирање) а воедно беа промовирани и нашите нови ИПА пријатели од Mеѓународната организација за економски развој при UN- IOED и сопственикот на хотел МИЗО, Муса Рашид.

Им благодариме на нашите ИПА Партнери кои го погнаа овој меѓународен настан :

– Хотел МИЗО Охрид

– ПАКУНГ Скопје

– ДИЈАГ Скопје

– ПЕЛИСТЕРКА

– ТИКВЕШ

– БИМ ДИЗАЈН Скопје

– АУТОМОТИВ ГРУП – Скопје

– КИА

– ВИП ПРЕВОЗ

– х.ИНТЕРНАЦИОНАЛ Велес

– Бензиска пумпа ГАН-ОИЛ

– Гостилница КАЈ ПЕРО

– СКОПСКА ПИВАРА

– МИРНОВЕЦ ДОО Скопје

И.М.