ИПА ТРКА 10км по повод 10 години ИПА МКД,Регион Скопје

ИПА ТРКА 10км по повод 10 години ИПА МКД,Регион Скопје

По повод 10 години од формирањето на ИПА МКД и Регион Скопје, Комисијата за спорт донесе одлука за одржување на Атлетски Крос на 10 км на 29.08.2021 година со почеток во 10.00 часот, во Спортско Рекреативен Центар, Хиподром, во Скопје
Сите заинтересирани ИПА членови и ИПА пријатели кои сакаат да учествуваат на овој настан потребно е да се пријават, најдоцна до 20.08.2021 година кај ИПА преставниците, ИПА координаторите, ИПА Регионите,во ИПА Инфо центарот  или кај Васко на тел 078 463 077.
Настанот се организира во соработка со Атлетската федерација на Македонија (АФМ)
Овој прв ИПА Атлетски Крос ќе биде и квалификациски за формирање на ИПА Атлетски тим на ИПА Регион Скопје и ИПА МКД, Националната Секција.
Со почит
УО на ИПА Регион Скопје
ИМ