Збратимување со ИПА Бургас

Збратимување со ИПА Бургас

 

49 ИПА членови и ИПА пријатели престојуваа во Бугарија од 1-3.3.2019. За време на престојот беше организирана и посета на Созопол каде беше организирана обиколка на стариот град.

На 2.3.2019 беше организирана свечена вечера на која беше потпишана Повелба збратимување на ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Бургас од Бугарија.

Со оваа спогодба беше крунисана долгогодишната соработка на овие два региона.
Особено сме горди што ова патување беше збогатено со ИПА членови од многу различни организациони единици на МВР, пензионирани припадници на МВР, поранешни припадници на МВР и ИПА пријатели.

Ја користиме оваа можност да се заблагодариме на домаќините за одличната организација и можноста за дружење на делегациите од ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Бургас. Вечерата беше збогатена и со присуство на голем број членови од ИПА Бургас и гостите од ИПА Регион Видин.

Исто така се заблагодаруваме на сите ИПА членови на Регион Скопје, ИПА Регион Штип и ИПА Регион Куманово кои во духот на ИПА пропатуваа околу 1600 км.

Ова патување беше потпомогнато од нашите ИПА пријатели :ДИЈАГ, ЕЛЕКТРА ГАРДЕН, ПАКУНГ, ОРМАР ТРАНС и други.

Servo per Amikeco

И.М.