На 22.04.2020 година во просториите на МВР, склучен е Меморандум за соработка помеѓу ИПА и Министерството за Внатрешни Работи на Република Северна Македонија.
Меморандумот за соработка беше потпишан од Претседателот на ИПА Оддел Македонија – Section North Macedonia и Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Само да потсетиме дека ИПА својот пат кон полноправно членство во најголемата светска полициска асоцијација далечината 2011 година а полноправно членка станува на Конгресот во Потстдам Германија, на 4.9.2014 година.
Оваа асоцијација брои околу 70 земји од светот и околу 500.000 членови.
Нашиот оддел неодамна издаде членска картичка со реден број 6300.
Особена чест и задоволство ни е што Наќе Чулев е првиот Министер за внатрешни работи член на ИПА. Се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина како што е и традиција во повеќето земји во светот, членки на ИПА.
Ве поздравуваме со нашиот поздрав
Servo per Amikeco