ИПА регион Скопје учествуваше на IV-та предновогодишна хуманитарна вечер организирана од националната шест региони од националната ИПА секција на Република Србија,што се одржа од 21-23.12.2018 во Ниш-Србија.
На средбата учествуваа претставници од повеќе ИПА региони од Србија, Бугарија Црна Гора, Република Српска, Босна и Херцеговина и ИПА Македонија.
ИПА Скопје беше претставено со делегација од 19 членови предводена од претседателот на ИПА Регион Скопје, Игно Стојков.
Посетата беше искористена за остварување на контакти со претседателите на ИПА регионите од соседството и договорање на идни заеднички активности а воедно беше упатена покана за учество на првата ИПА посленовогодишна забава која ќе се одржи од 18-20.01.2019 година во хотел Континентал во Скопје а која очекуваме да прерасне во традиционална регионална ИПА средба. На ова ИПА дружење ќе се потпише и Повелба за збратимување на ИПА Регион Скопје и ИПА Регион Ниш.
Во знак на соработка и пријателство, на сите преставници на ИПА регионите и националните секции, им беа додели пригодни подароци како и рекламен туристички промотивен материјал од Скопје и Република Македонија.
Воедно на оваа ИПА средба од хуманитарен карактер беа собрани средства во висина од 60.000 србски динари.
Ја користиме оваа можност да се заблагодариме на домаќините за одличната организација.
SERVO PER AMIKECO