Од 13-16.6.2019 се одржа третата меѓународна ИПА средба Скопје 2019 под мотото Полицаец-Горда Професија. На средбата учество земаа делегации од повеќе држави и ИПА региони :
Гостите беа пречекани од страна на Претседателот на ИПА Регион Скопје, Генералниот секретар, Потпретседателите, членови на УО на ИПА Регион Скопје, Комисии и ИПА пријателии сместени во х. Белви , по што во Петокот во Националниот Ресторан Баба Цана беше организирана вечера т. н. Friendship Dinner.
Во Саботата гостите беа на панорамско разгледување на Скопје со брендираниот автобус на ЈСП Скопје.
Во ЕУРМ се одржа предавање на тема Полицаец – Горда Професија од страна на Д-р Александар Нацев, Деканот на факултет за детективи при ЕУРМ и Д-р Жаклина Просароска ИПА член од ИПА Регион Скопје
Во 13.00 часот во присуство на гостите и голем број на ИПА членови и ИПА пријатели од страна на Претседателот на ИПА Оддел Македонија , Робертино Ацевски, Претседателот и Генералниот Секретар на ИПА Регион Скопје беше пуштен во употреба првиот ИПА ИФО ЦЕНТАР на ИПА Регион Скопје.
Вечерта во Ресторанот Розенберг се одржа свечена вечера на која присуствуваа над 500 ИПА членови при што беа разменети пригодни поклони со делегациите од странство, а вооедно беше оддадено признание на ИПА членови и ИПА пријатели кои дадоа особен придонес и го помогнаа отварањето на ИПА ИНФО ЦЕНТАРОТ и тоа:
1. Љубиша Спасовски преставник од ОЗОЛО
2. Горан Миновски преставник од ОБПС-СВР Скопје
3. Ацо Тодоровски член од ООЗР
4. Кирил Бошковски Потпретседател на ИПА Регион Скопје
5. Васко Трпевски Претседател на Комисија ИПА Ветерани-Пензионери
6. Горан Миленковски Пртседател на Комисија за логистика
Како и следните ИПА Партнери и ИПА пријатели:
Особена чест ни беше што ИПА Регионите Тетово Куманово, Охрид, Штип и Велес, преставници на МПС, Стрелачки сојуз, НСП и многу други членови и ИПА пријатели и подржувачи ја збогатија свеченоста со своето присуство.
И.М.