Од 14-16.08.2020 во посета на ИПА Регион Скопје престојуваше група од седум членови на ИПА од Бранденбург,Германија преводени од Dietmar Kaske.
На нивно барање а по претходна добиена согласност од стратешките авторитети во МВР на 15.08.2019 година беа посететни Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата во СВР Скопје. При овие посети беа разменети мислења и искуства за секојдневните активности на овие организациони единици во споредба со соодветните организациски единици во Бранденбург.
Заеднички заклучок беше дека полициските службеници се соочуваат со слични проблеми во секојдневното работење а воедно и констатирано дека не заостануваме многу во однос на матерајлно техничките средства со нашите колеги од Бранденбург.
Од нивна страна беше искажана голема благодарност до сите колеги кои одвоија време за нивната посета и упатија отворена покана за посета на наша делегација на Бранденбург.
За времетраење на нивниот престој истите имаа прилика да ги посетат културно-историските споменици на Скопје, посета на Кањонот Матка како и посета на Националните ресторани.
Со почит
Преку служба до пријателство Servo per Amikeco