Почитувани,
Во рамките на своите активности ИПА Регион Скопје на ден 14.01.2023 година ја посети детската болница Козле во Скопје и ги посети најмладите кои за жал се сместени во болнички услови и им подаривме новогодишни пакетчиња.
Успеавме да ги израдуваме и да ги насмееме а воедно нивната радост е потик за нас да продолжиме и во иднина со овакви и слични активности. Им посакуваме брзо оздравување и среќни и радосни детски денови.
Му се заблагодаруваме на медицинскиот персонал на болницата Козле и на нашите активни ИПА членови како и на општествено одговорните компании и организации како OIDE -UN , ЖИТО маркети и Државна Лотарија на Македонија што беа дел од нашите хуманитарни активности.
Преку служба до пријателство.
И.С.