28-мата МЕДИТЕРАНСКА Конференција на ИПА во Белград,Србија

28-мата МЕДИТЕРАНСКА Конференција на ИПА во Белград,Србија

Почитувани
Ве известуваме дека четири члена делегација на ИПА МКД и ИПА Регион Скопје во периодот од 20-23 Април 2023 година учествуваше на 28-мата МЕДИТЕРАНСКА Конференција на ИПА која се одржа во Белград Србија.
Покрај делегацијата предводена од Генералниот секретар на ИПА Македонија, во работниот дел на 21 Април кој се одржа во Палатата на Србија (поранешен СИВ 1) присуствуваше и Претседателот на ИПА Македонија.
Тема на Конференцијата беше “МИГРАНТСКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ – ПРЕДИЗВИЦИ И РЕШЕНИЈА “на која свои своја обраќања имаа и високит преставник на Министерот за внатрешни работи на Р.Србија, Началник на Гранична Полиција, преставник на ОН за бегалци во Србија и Меѓународната Организација за Економски развој а своја презентација имаше и Генералниот секретар на ИПА Македонија.
Двајца членови на делегацијата беа во свечени униформи а целата делегација доследно ја претстави Р.С.Македонија на оваа најголема Конференција на ИПА чии домаќини бевме и ние минатата 2022 година.
За време на престојот од страна на ИПА Србија предводена од претседателот Небојша Пантелиќ и неговиот ИПА тим во соработка со МВР на Р.Србија беа организирани повеќе активности меѓу кои и разгледување на Белград со водич и крстарење на реката Сава.
На Конференцијата покрај делегацијата на ИПА Македонија учество зедоа и:
Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Израел, Италија,Кипар, Малта, Монако, Црна Гора, Португалија, Романија, Словенија,Франција, Швајцарија, Шпанија и домаќинот Србија.
Притоа едногласно беше донесена одлука 2024 домаќини да бидат ИПА Хрватска а 2025 ИПА Грција
Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на домаќините за одлична организација а воедно и на МВР на Р.С.Македонија од каде ни беше дадена согласност за учество на оваа престижна Конференција во свечени униформи.
Со почит