Делегација на ИПА Регион Скопје како и делегациите на ИПА Регион Штип, ИПА Регион Струмица и ИПА Битола или вкупно 78 членови на ИПА Македонија зедоа учество на 6-тите Меѓународни спортски игри кои се одржаа во Ниш, Србија од 24-26.09.2021.
Воедно на гала вечерата присуствуваше и Претседателот на ИПА Македонија, Г-дин Робертино Ацески.
На овие игри покрај домаќинот и збратимен Регион на ИПА Скопје, Регионот Ниш од Србија учествуваа и Регион Белград, Регион Јужен Банат, Регион Шумадија, Регион Бор, Регион Крушевац и Приштина.
Од Босна и Херцеговина Регионите Брчки, Добој, Бјелина, Сараево и РК Херцеговина – Ливно.
Членовите на ИПА Македонија се натпреваруваа во мал фудбал, воздушен пиштол и лак и стрела.
ИПА Регион Скопје освои трето место во натпреварот со лак и стрела и трето и второ место во мал фудбал.
Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на домаќините за одличната организација и Претседателот на ИПА Регион Ниш, Саша Спасиќ.