Почитувани ИПА членови, ИПАпријатели и поддржувачи на ИПА.
Ве извесуваме дека на ден 24.12.2022 ИПА МКД – ИПА Регион Скопје заедно со Црвен крст на Град Скопје ги посети нашите најмлади сместени во болнички услови на детската клиника во клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и заедно со Дедо Мраз им подарија пакетчиња и желби за побрзо оздравување .
Пакетчињата беа обезбедени од страна на OIDE-UN и Државната лотарија на РС Македонија.
Од страна на членовите на Црвениот крст беше направен перформанс со Дедо Мраз и други детски ликови кои допринесоа да видиме многу насмевки и радост.
Им благодариме на сите учесници и на сите ИПА членови што заедно со ИПА организацијата учествуваа во уште една од редот на нашите хуманитарни активности во месец Декември 2022.
Ве поздравуваме со нашиот поздрав Преку служба до пријателство со желби за повеќе успех како на деловен така и на приватен план.
И.С.