Пречек на учесниците на велосипедска тура „ВЕРА ТУР 2023“

Пречек на учесниците на велосипедска тура „ВЕРА ТУР 2023“

Претставници на ИПА Mакедонија и ИПА Регион Скопје, на 20.4.2023 година беа дел од делегацијата за пречек на велосипедистите Александар Стојков, Лазо Миноски, Владимир Секулоски и Кирил Марковски, им честитаа успешна реализација на годинешната велосипедска тура „ВЕРА ТУР 2023“, која се одржува по втор пат ,започнувајќи на 05.4.2023 и поминувајќи низ седум балкански земји и тоа Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија при што беа извозени вкупно 2750 километри.
Бидејќи овој настан е од хуманитарен карактер и во рамките на целите и идеите на ИПА, оваа година и ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје решија да дадат активна подршка.
Воедно истовремено до сите национални секции на ИПА на Балканот беше пуштено циркуларно писмо за подршка и тоа до: ИПА Србија, ИПА Хрватска, ИПА Словенија, ИПА Босна и Херцеговина, ИПА Црна Гора и ИПА Албанија со цел да се вклучат во овој хуманитарен настан од регионален карактер за што се добиени позитивни одговори а особена помош и логистичка поддршка пружија ИПА Србија ИПА Словенија со повеќе свои членови и ИПА Региони и ИПА Албанија, за што сме им посебно благодарни.
Потсетуваме дека на велосипедистите им се приклучија и 6 членови на ИПА Регион Скопје на трасата Белград-Рума-Суботица со цел подршка на целиот хуманитарен настан.
За крај од страна на ИПА Македонија, ИПА Регион Скопје на сите учесници им беа доделени ИПА медали.
Ги поздравуваме со нашиот поздрав
SERVO PER AMIKECO-
ПРЕКУ СЛУЖБА ДО ПРИЈАТЕЛСТВО