Меѓународна Конференција на тема „Полиција и Пандемија COVID 19„ Црна Гора 04-06.06.2021

Меѓународна Конференција на тема „Полиција и Пандемија COVID 19„ Црна Гора 04-06.06.2021

ИПА ОДДЕЛ МАКЕДОНИЈА- Section North Macedonia , на покана на ИПА Црна Гора, зеде активно учество на Меѓународната Конференција на тема “Полиција и Пандемија  COVID 19“ која се одржа во х.Монтенегро,Чањ, Црна Гора од 04-06.06.2021 година
21 члена делегација, предводена од Претседателот Робертино Ацески, Претседателите на ИПА Регион Скопје, Игно Стоjков, ИПА Регион Штип, Владо Петров и ИПА Регион Струмица, Васил Тодоров и членови на наведените региони имаше и свое излагање пред околу 60 делегати од 8 осум држави и тоа: ИПА Албанија-секција во основање,ИПА Романија, ИПА Босна и Херцеговина,ИПА Русија, ИПА Србија, ИПА Полска и домаќините ИПА Црна Гора.
На конференцијата беа разменети мислења за предизвиците со кои се сооција нашите колеги во време на пандемија, почетните проблеми околу набавка на заштитна опрема од нашите министерства како и улогата која ја одигра ИПА со свои активности за обезбедување на заштитни средстава за полициските службеници и своите членови со свои средства и средства од општествено одговорни компании.
На крајот на конференцијата на сите земји учеснички им беше преставен онлајн курс за превземање на мерки за заштита од COVID 19  на ГП кој е обезбеден од ИОМ и наскоро  ќе биде достапен за сите членови на нашата Секција.

И.М.