Почитувани во рамките на своите активности ИПА продолжува со месецот на хуманитарни акции , денеска 29.12.2022 година ги посетија нашите центри за дружење и едукација на деца и лица со аутизам и физичка и интелектуална попреченост во Штип каде им беа подарени новогодишни пакетчиња.
Приемот од нивна страна беше топол, пријатен и со многу гушкање. Се надеваме дека успеавме барем за малку да им ги разубавиме овие предновогодишни денови и да ги видиме нивните насмевки .
ИПА продолжува со своите активности и понатаму во рамките на своите можности. Среќни празнични денови и ве поздравуваме со нашиот поздрав ПРЕКУ СЛУЖБА ДО ПРИЈАТЕЛСТВО.
И.С.