Делегација на ИПА Македонија на покана на ИПА Романија имаше чест да присуствува на Годишното изборно собрание на ИПА Романија како и на 25 години од формирањето на националната секција. На собранието присуствуваа делегати од 151 регион во Романија како и гости од ИПА Унгарија , ИПА Полска,ИПА Кипар, ИПА Хрватска , ИПА Молдавија како и други Високи претставници на централната и локалната власт како и МВР, МО ,Правда и други организации од Романија . Беше избран новиот управен одбор на ИПА Романија во состав
Претседател Tartareanu Mihai Liviu
Потпреседател Popa Florin
Потпретседател Muresan Marius
Потпреседател Dorobantu Dumitru
Потпретседател Melinte Ion
Генерален Секретар Muscalau Ion Marian
Надзорен одбор Borzan Sorin Calin
Член Dogaru Claudia
Им честитаме на изборот и им посакуваме успешна и плодна работа во остварувањњто на ИПА мисијата и целите на организацијата.
За време на престојот во Романија беа разменети пригодни подароци и беше договорена понатамошната соработка помеѓу нашите две ИПА секции , воедно беа разменети и подароци со останатите ИПА секции и беа договорени понатамошни проекти за остварување на ИПА целите.
Напоменуваме дека ИПА секцијата на Романија брои над 100.000 членови и е најголемата ИПА организација во светот. Уште еднаш им честитаме на нашите колеги и големи пријатели од ИПА Романија и им посакуваме успешна работа.
И.С.