Девет члена Делегација на ИПА МКД, Регион Скопје зеде активно учество на VII-та меѓународна ИПА средба во чест на “Загинатите припадници на странските мировните мисии во Босна и Херцеговина“, во организација на ИПА Регион Сараево, кои се одржуваат традиционално во Сараево, Босна и Херцеговина од 20-22.8.2021 година.
На настанот учество зедоа над 200 членови на ИПА од националните секции на ИПА Македонија, ИПА Босна и Херцеговина, ИПА Романија, ИПА Црна Гора и ИПА Словенија и регионите ИПА Бјелина од БиХ, ИПА Ливно од БиХ, ИПА Судска Полиција БиХ, ИПА Федерална судска полиција БиХ, ИПА Федерална Управа на полиција БиХ, ИПА МКД Регион Скопје, ИПА МКД Регион Битола и ИПА МКД Регион Струмица.
ИПА Македонија го освои третото место во Екипна конкуренција а нашите преставници се натпреваруваа во повеќето дисциплини.
Ја користиме оваа прилика да изразиме голема благодарност до ИПА Регион Сараево, Босна и Херцеговина за поканата, одличната организација и пречек на нашата делегација во духот на ИПА.
Преку Служба до Пријателство
Servo per Amikeco
И.М.