П О К А Н А
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА
ИПА Регион СКОПЈЕ и ИПА МАКЕДОНИЈА
08-11 ЈУНИ 2023 година , ресорт “ БИСТРА “ Маврово – С.Македонија
Почитувани ИПА членови, пријатели и колеги, следејќи ги принципите и целите на Меѓународната полициска асоцијација ИПА ”Служба преку пријателство”, ИПА регион Скопје и ИПА Македонија како дел од Меѓународната полициска асоцијација – ИПА која е основана на принципите на Универзалната Декларација за Човекови Права усвоена во UN во 1948, со Консултативен (Специјален) статус во Економскиот и Социјален Совет на UN,Консултативен статус во Организацијата на Американските држави и УНЕСКО, со интегрирани 65 земји членки и повеќе од 372.000 активни членови – полицајци од целиот свет, а во соработка и поддршка на Организацијата за Инвестиција и Развој – OIDE-UN, со задоволство ве известуваме дека го организираме 12-то Редовно годишно собрание.
Согласно Статутот на Меѓународното полициско здружение Оддел Македонија – ИПА Македонија Глава VI (член 23,24,25,26,27,28 и 29 )се свикува редовното годишно собрание. Целта на оваа средба е отчет за сработеното како и носење на планови и одлуки значајни за понатамошното делување на регион Скопје и националната секција ИПА Македонија како и за сите прашања поврзани со спроведувањето на целите и задачите на ИПА организацијата во регион Скопје и Н.С Македонија, продлабочување на меѓусебната професионална соработка разбирање, пријателство и дружење.
ДО
Делегатите , ИПА претставниците-координатори на ИПА регион Скопје, членови на комисии и членови на Н.О и У.О на ИПА регион Скопје.
Членовите на Н.О и У.О на Националната секција на ИПА Македонија.
До членовите на нашите братски региони и секции ,
= ИПА регион Битола
= ИПА регион Охрид
= ИПА регион Прилеп
= ИПА регион Струмица
= ИПА регион Тиквеш-Повардарие
= ИПА регион Тетово
= ИПА регион Куманово
= ИПА регион Штип