На 17 ти Јули во Виница, се одржа редовниот годишен состанок на ИПА Македонија (IPA North Macedonia) , Националната Секција.
На годишниот состанок од вкупно девет Региони со свои преставници учество земаа осумте Региони и раководството на ИПА, со исклучок на ИПА Регион Прилеп
На состанокот беа разгледани и усвоени Извештајот за работа на ИПА националната секција и Извештајот за финансиско работење во 2020 година, а воедно беше усвоен Планот и Програмата за работа за 2021 година.
Исто така беа презентирани и усвоени Правилници за тековното работење на ИПА Регионите и Националната Секција.
Во согласност со Статутот на ИПА беа донесени и следните Одлуки
-Одлука за зголемување на висината на членарината на ИПА членовите од 1.1.2022 година од сегашните 60 на 100 денари месечно. Оваа одлука е донесена на барање на ИПА Светската Организација ( ние и покрај ова зголемување ќе имаме најниска чланарина во рамките на организацијата) како и поради зголемување на трошоците за изработка на ИПА картичките и чланарините кон светската организација и ИБЗ Гимборн (ИПА центарот за Обука во Германија)
Во иднина распределбата на ИПА чланарините ќе биде 60-40 во корист на Регионите.
– Одлука за избор на нови раководства и тела на сите ИПА Региони кои се избрани во 2016 година со мандат од 5 години.
Ја користиме оваа прилика да изразиме благодарност до ИПА Регион Штип кој беше домаќин на овој Годишен состанок.
Ве поздравуваме со нашиот поздрав
“Преку служба до пријателство”