„ВЕРА ТУР 2023“

„ВЕРА ТУР 2023“

Претставници на ИПА Mакедонија и ИПА Регион Скопје, во состав
Игно Стојков, Маја Стојановска и Даниела Трајчевска Цветановска денес 05.4.2023 година на велосипедистите Александар Стојков, Лазо Миноски, Владимир Секулоски и Кирил Марковски, им посакаа среќен пат и успешна реализација на годинешната велосипедска тура „ВЕРА ТУР 2023“, која се одржува по втор пат и ќе помине низ седум балкански земји и тоа Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија при што е планирано да извозат 2750 километри.
Бидејќи овој настан е од хуманитарен карактер и во рамките на целите и идеите на ИПА, оваа година и ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје решија да дадат активна подршка.
Воедно истовремено до сите национални секции на ИПА на Балканот беше пуштено циркуларно писмо за подршка и тоа до: ИПА Србија, ИПА Хрватска, ИПА Словенија, ИПА Босна и Херцеговина, ИПА Црна Гора и ИПА Албанија со цел да се вклучат во овој хуманитарен настан од регионален карактер за што се добиени позитивни одговори .
Напоменуваме дека на велосипедистите ќе им се приклучат 6 членови на ИПА Регион Скопје на трасата Белград-Рума-Суботица со цел подршка на целиот хуманитарен настан.

Ги поздравуваме со нашиот поздрав
SERVO PER AMIKECO-
ПРЕКУ СЛУЖБА ДО ПРИЈАТЕЛСТВО