parallax background

Членство во ИПА

Членство во ИПА

Полноправен член на ИПА може да биде:

  • Вработен во МВР
  • Вработен во АНБ
  • Вработен во ОТА
  • Вработен во Финасиска полиција
  • Пензиониран припадник на МВР
  • Поранешни вработени во МВР кои имаат најмалку 7 години стаж и не се одстранети  од работа/не биле предмет на кривичен прогон
  • Поранешни вработени во МВР кои биле членови на ИПА кога напуштиле МВР

ИПА пријател може да биде:

  • Сопственик на компанија која е ИПА партнер
  • Управител/Директор на компанија која е ИПА партнер
  • Лице кое е вработено во компанија ИПА партнер а е задолжено за комуникација со ИПА или има дадено особен придонес во развивање на соработката помеѓу ИПА и компанијата
  • Член на ИПА од друга земја член на Меѓународната полициска асоцијација

Почесен член на ИПА може да биде:

  • Брачен другар или дете на починат полноправен член на ИПА
  • Вршител на јавна функција кој има дадено особен придонес во промоција на ИПА
  • Јавни личности кои имаат дадено особен придонес во промоција на ИПА и нејзините цели и задачи
  • Член на ИПА од збратимен регион

 

НАПОМЕНА: Втората и третата категорија на членови можат да станат членови само по претходна одлука на УО на Регион односно УО на националната секција.

 

За членство во ИПА потребно е:

  • Да се пополни ИПА пристапница која е достапна на Интранет и Интернет порталите на ipa.mk  и ipa-skopje.mk
  • Една фотографија како за пасош/лична карта
  • Уплатница од 720.00 денари за сите тие кои не се во редовен работен однос во МВР (ОТА, Финансова полиција, Пензионери, ИПА пријатели)
  • Доказ за остварени најмалку 7 години стаж во МВР или доказ за пензионирање од МВР

 

ИПА ЗНАЧКА

  • Пополнето барање за значка со приложена ф-копија од ИПА картичка или број на картичка
  • Оригинал или ф-копија од доказ за уплата на 990.00 денари на сметка на ДИЈАГ
  • Пропратен акт-писмо од другите региони до ИПА инфо центарот или овластеното лице за подготовка на списокот за нарачка

 

ИПА НАЛЕПНИЦА

  • Секој нов член добива една налепница за возило персонализирана со неговиот број на картичка
  • Секој член може да нарача уште најмногу две налепници за возило персонализирана со неговиот број на картичка и тоа: првата со уплата од 60 денари на ПАКУНГ
  • втората со уплата од 150 денари на ПАКУНГ
  • Секој член на ИПА може да има максимално 3 персонализирани налепници