6-та Балканско – Јадранска Конференција,Скопје 12-14.11.2021

6-та Балканско – Јадранска Конференција,Скопје 12-14.11.2021

Почитувани,

Во периодот од 12-14.11.2021 година Меѓународното  полициско здружение ИПА Оддел Македонија , ИПА Регион Скопје беше домаќин на 6-та Балканско – Јадранска Конференција на тема “Мигранската Криза и земјите од Балканско – Јадранскиот Регион“ која се одржа во хотел Double Three by Hilton во Скопје.

Делегациите на 9 земји членки и домаќинот ИПА Оддел Македонија од вкупно 16 кои се дел од оваа Балканско-Јадранска група на земји пристигнаа во Четврток 10.11 и Петок 11.11.2021 година и тоа делегации  на Грција, Кипар, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија и Црна Гора, како и делегации на Германија, Полска и Израел како земји набљудувачи.

Со гордост можеме да кажеме дека неколку делегации беа предводени од претседателите на ИПА Националните Секции, како Романија, г. Тартареану Михаи, Босна и Херцеговина, г. Александар Грчиќ, Германија, г. Оливер Хофман и Полска г. Пјотр Војчик.

Воедно гости на ИПА Регион Скопје беа и збратимените региони Хале/Сале од  Германија, Загреб од Хрватска, Темишвар од Романија, Брчко од Босна и Херцеговина, Ниш од Србија, Бургас од Бугарија и Регија Југ од Црна Гора.

Од страна на ИПА Регион Скопје и ИПА Македонија за гостите во Петок вечерта беше организирана т.н. Friendship dinner  односно вечера за запознавање на странските делегации со домаќините – тимот задолжен за организација на Конференцијата во Ресторанот „ BIEN” во Скопје.

На 12.11.2021 година на Коференцијата пристигнаа и Министерот за Внатрешни Работи г Оливер Спасовски, Директорот на БЈБ, г Сашо Тасевски, представници на ФРОНТЕКС, ИОЕД, Сојуз на Синдикати на Македонија Претседателот г.Дарко Димовски,Македонскиот Полициски Синдикат предводена од г.Марјан Кицев, Помошник директорот г-дин Тони Станковски, Началникот на СВР Скопје, г.Тони Јакимовски и делегациите од сите региони од државата односно Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Охрид, Тетово, Штип и Велес.

Конференцијата со поздравни говори ја отворија Претседателот на ИПА Оддел  Македонија  г. Робертино Ацески и Претседателот на ИПА Регион Скопје г.Игно Стојков

Свое излагање на темата на овогодинешната Конференција “Мигранската Криза и земјите од Балканско – Јадранскиот Регион“ имаше  Директор на Бирото за јавна безбедност г.Сашо Тасевски.

Во своето излагање, Директорот г.Сашо Тасевски ги поздрави делегациите  во име на Биротото за јавна безбедност и свое лично име како член ИПА организацијата,заблагодарувајќи се за поканата за учество на истата, имајќи ги во предвид целите на организацијата, зајакнување на пријателствата помеѓу полициските службеници од целиот свет, унапредување на меѓународната соработка и подобрување на имиџот на полициската професија во целина.

Во своето излагање на темата  “Мигранската Криза и земјите од Балканско – Јадранскиот Регион“, Директорот истакна

(цитирам)„ Илегалните преминувања преку земјите од Западно балканската и јадранската рута (Турција,Грција,Северна Македонија и Грција ,Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска) се сеуште активни и тие рути поради геостратешката положба се користат за транспорт на миграните од земјите од блискиот исток и Африка кон земјите од Западна Европа, најчетсо мотивирани од безбедносни или економски причини“,

Истиот нагласи дека оваа година обидите за илегални преминувања на границите со соседните земји бележат опаѓачки тренд за 36,5%. Спречени се 15.895 обиди за илегално преминување на границите или речиси 10 илјади обиди помалку во споредба со истиот период лани. Забележан е и тренд на намалување за повеќе од 60% на откриените случаи на криумчарење мигранти и бројот на поднесени нови барања за азил е намален за 70%. И оваа година, се продолжи со организација и координација на активностите поврзани со реализацијата на меѓународната активност „Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница на РСМ, со ангажирање на полициски службеници од странство“. Во ваквата активност партиципираат полициски службеници од осум земји (Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Чешка, Полска, Унгарија и Словачка). Истите заедно со припадници на граничната полиција, во заеднички мешани патроли вршат засилен надзор на јужниот дел од државната граница чија цел е спречување на обидите за илегален влез или излез на мигранти од Република Грција, како и откривање на случаи на криумчарење мигранти. затворен цитат.

Свое обраќање на конференцијата имаше и Министерот за Внатрешни работи на Северна Македонија, г.Оливер Спасовски кој ги поздрави присутните делегати и гости во име на Министерството за Внатрешни работи и свое лично име се заблагодари за поканата и нагласи дека е привилегија да се биде на Коференција организирана од Меѓународното полициско здружение во кое членуваат над 70 земји од целиот свет вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Во контекст на јубилејните 71 година постоење на светската ИПА и 10 години од формирањето на ИПА С.Македонија, Министерот, г Оливер Спасовски, нагласи дека особено е горд

(цитирам)„што семејството  на пријателите на ИПА постојано од ден во ден се зголемуваше, и ако на почетокото него го сочинуваа околу 50 полициски службеници ентузијасти од МВР,  денеска таа бројка изнесува над  7.000 членови, со голем број меѓународни активности и контакти низ целиот свет. Впрочем токму тоа беше и првичната идеја на основач на ова здружение Сер Артур Торп , пријателство  и дружење на полициските службеници  насекаде во светот .“

Воедно се осврна и на фактот дека работата на актуелното раководство на ИПА  и сите нејзини членови е препознаена од земјите членки на  ИПА со добивање на организација на повеќе меѓународни настани меѓу кои и Центрано-Источно Европската“ и „Медитеранската Конференција“ во 2022

(цитирам)“ посветеноста, ентузијазмот  и работата на  секцијата на ИПА во земјава  на меѓународен план се препознаени и како кулминација се манифестираат преку добивање на организација на СВЕТСКИОТ  ИПА КОНГРЕС  во 2024 година, кога ИПА Северна Македонија ќе биде домаќин на најголемиот светски собир на полициски организации од целиот свет“ и ги поздрави хуманитарните акции на ИПА

(цитирам)„Дозволете ми во оваа пригода да ги поздравам  хуманите акции организирани со цел полесно справување со пандемијата Ковид 19 каде што членовите на ИПА од земјава и ИПА регионите, општествено одговорни фирми и поединци активно и несебично се заложија да помогнат во распределба на заштитна опрема наменета за полицсиките службеници на терен кои активно учествуваа во справувањето со пандемијата на вирусот “ КОВИД 19“

завршувајќи го соето излагање со давање на целосна подршка на нашето здружение кое дел од ова светско полициско семејство по што ја прогласи  конференцијата за отворена

(цитирам)„Уверен сум  дека како и  во изминативе 10 години постоење така  и во наредниов период  членовите и претседателството на ИПА Секцијата во Република Северна Македонија ќе продолжи со несмален интензитет и желба  со особена посветеност и мотивираност ќе работите на продлабочување на меѓународната полициска соработка и преку нашите заеднички  пријатели насекаде во светот, ќе ја развиваме идејата за промоција и на Министерството за внатрешни работи а со тоа и  на Република Северна Македонија. Ве уверувам дека ја имате мојата целосна поддршка заеднички да  продолжиме да ја развиваме и облагодродуваме оваа идеја и да продолжиме по патот на взаемно почитување и помагање на полициските служби во светот.“

Ми причинува посебна чест Конференцијата на Меѓународното  полициско здружение во Република Северна Македонија да ја прогласам за отворена, да Ви посакувам успешна дискусија и убава дружба и   пријателства што  ќе траат и ќе се негуваат .

Свое обраќање на конференцијата преку видео линк имаше и г-дин Kyriakos Karkalis од Грција во својство на Потпретседател на Светската ИПА , кој од оправдани причини не беше во можност да присуствува, и меѓу другото истакна

(цитирам) „Постојат моменти во животот кога не можеме да планираме…..Против мојата волја, и сериозен семеен проблем, не можев лично да присуствувам на Балканско-Јадранската конференција која се одржува во Скопје од 12-14.11.2021 година. Иако јас сум среќен , бидејќи Секцијата Северна Македонија ја организираше досега можеби најуспешната регионална конференција. Покрај се овој собир е е најголем од ваков вид во нашата ИПА организацијаи тоа креира дополнителна одговорност кон сите нас за напредок и развој на ИПА.Посебна благодарност особено до Претседателот г Робертино Ацевски кој ми овозможи да се обратам преку видео линк.“

Во вториот работен дел од Конференцијата по констатирањето дека има кворум за работа по предлог на  г.Робертино Ацевски едногласно беше усвоен дневниот ред.

Во понатамошниот дел свое излагање имаа и

-Генералниот Секретар на ИПА Регион Скопје, г Игор Манојлоски кој имаше презентација на темата “Мигранската Криза и земјите од Балканско – Јадранскиот Регион“, подготвена во соработка со ОГРМ.

– Demitriou George и Kyriakos Perikleous од ИПА Националната Секција на Кипар кои имаа видео презентација за престојниот Меѓународен Фолклорен Фестивал на ИПА , кој треба да се одржи на Кипар во 2022 година

– Војислав Драговиќ, потпретседателот на ИПА Наионалната Секција на Црна Гора, кој имаше презентација вв престојните ИПА спортски игри 2022 во Бар, Црна Гора

– Israel Eran, Генерален Секретар на ИПА Израел и член на SCC.

На крајот на работниот дел знамето на Балканско-Јадранската група беше предадено на Претседателот на ИПА Националната Секција на ИПА Босна и Херцеговина, Александар Грчиќ кои се домаќини на следната конференција во 2022 година.

Конференцијата беше затворена од страна на Претседателот на ИПА С. Македонија г Робертино Ацевски по што со сите делегации беа разменети пригодни подароци и им беа доделени монети посветени на јубилејот 10 години ИПА С.Македонија.

Во поладневните часови сите домашни и странски гости беа во посета на Винарската визба “СТОБИ“ во Градско каде имаа прилика да уживаат во дегустација на нивните прекрасни вина.

Гала вечерата на која присуствуваа над 200 гости, ИПА членови од земјата и од странство, делегации и ИПА пријатели и компании кои ја помагаат и подржуваат ИПА се одржа во Ресторан “Дениција“ во Скопје

ЈА користиме оваа прилика да им се зблагодариме на сите наши членови кои беа вклучени во организација на оваа конференција и отвораето на новите канцеларии на ИПА, на нашите ИПА пријатели кои несебично не помогнаа и подржаа пред се : МЕТАЛБО ИНЖИНЕРИНГ,ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ, АЕК, ПЕЛИСТЕРКА, АУТОМОТИВ ГРУП, ВИП ПРЕВОЗ,ПАКУНГ, АИРКУЛ БИО, БАТЕ КОМЕРЦ,,МУЛТИШПЕД, БИОТЕК, ЛАЈОНЕС, ДИЈАГ, БИМ ДИЗАЈН,СТЕЛАТЕКС, ЕЛЕКТРОМЕТАЛ, РЕЛИСИС,  Хотел DOUBLE THREE by HILTON, Ресторан BIEN, Ресторан ДЕНИЦИЈА, Винарија СТОБИ , I.O.E.D. , Мирновец Пиротехника, Премиум Ексклузив, ПРОМИС ……………

Воедно на 14.11.2021 година со почеток во 11.00 часот во присуство на многубројни членови на ИПА од целата земја и странски делегации , свечено беа отворени новите Канцеларии на ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје кои се лоцирани на ул. Антон Попов бр. 1, влез 4, втор кат стан бр.5.

И.М.