25 Години ИПА Темишвар-Романија, и посета на ИПА Крушевац,Србија

25 Години ИПА Темишвар-Романија, и посета на ИПА Крушевац,Србија

Во периодот од 30.07 до 01.08.2021година, Делегација од ИПА МКД ,Регион Скопје присуствуваше кај нашиот братски регион по повод 25 годишнина од ИПА Темишвар и 20 годишнина од отворањето на ИПА куќата во сопственост на ИПА Темишвар , Романија, на покана од Претседателот на ИПА Темишвар, Г-дин Молдован и потпретседателот Дорел Кожан.
На пригодната свечена церемонија беа разменети ИПА подароци.
На свечената церемонија освен ИПА МКД Регион Скопје присутни беа и ИПА регион Суботица и регион Зрењанин од ИПА Србија , ИПА регион Болцано од Италија,делагација од ИПА Унгарија и други гости.
Воедно ИПА Темишвар донираше и полициски реквизити за нашиот ИПА музеј.
На 01.08.2021 година остварена е посета на ИПА регион Крушевац каде делегацијата беше пречекана од страна на Претседателот Александар Бариќ при што е посетена нивната ИПА канцеларија и беа разменети пригодни подароци.
И.С.