Сребрен медал на Wizz air Скопски Маратон 2021

Сребрен медал на Wizz air Скопски Маратон 2021

Екипата на ИПА Регион Скопје во состав:

Фросина Милевска,

Зорица Здравковска

Андријана Богдановска

Димитар Пилешков

учествуваше на Wizz air Скопскиот Маратон 2021 кој се одржа на улиците на Скопје во трката на 42 км. мешана штафета и го освои престижното второ место и се закити со сребрен медал.

Екипата беше предводена од тренерот Даниел Киров кој воедно е и член на Комисијата за Спорт на ИПА Регион Скопје.

Мора да напоменеме дека ова не е првуспех на нашите атлетичари кои учествуваа на неколку маратони и се закитија со повеќе медали а воедно им посакуваме многу успех и во иднина.

Настанот го проследија и Претседателот на ИПА Регион Скопје, Игно Стојков, Благајникот на ИПА Регион Скопје, Орце Јовановски и Претседателот на Комисијата на ИПА Ветерани, Васко Трпевски кои воедно им дадоа и силна поддршка на нашите атлетичари.

Во името на сите наши членови и поддржувачи и УО на ИПА Регион Скопје им се заблагодаруваме и им посакуваме уште многу успеси во иднина.

И.М.