Признание за ИПА Скопје за подршка во организација на 50-тата EРЦ на Интерпол

Признание за ИПА Скопје за подршка во организација на 50-тата EРЦ на Интерпол

Почитувани,
На покана на Министерот за внатрешни работи денеска ИПА Регион Скопје присуствуваше на доделување на благодарници во врска со искажаната помош и подршка при организацијата на 50-тата, Европска Регионална Конференција на Интерпол која се одржа во Охрид од 08-10 Мај 2023 .
Настан од голема важност за нашата држава.

Од страна на МВР беше доделена благодарница на нашата организација ” ИПА ” и на регионот Скопје со што уште еднаш покажавме дека сме организација која е сервис на нашите полициски службеници и граѓаните на Р. С.Македонија.

Продолжуваме и понатаму ,
Сплотени и заедно.
Ви благодарам на сите Вас за вашето несебично ангажирање.
Воедно им се заблагодаруваме и на нашите ИПА активни членови кои несебично ја претставуваа ИПА на овој настан на кој работно беа вклучени.
Шефик Бајрами
Игор Манојлоски и
Анастазија Поповска
Им благодариме !!!!
Преку служба до пријателство
И.С.