Предновогодишна забава за најмладите

Предновогодишна забава за најмладите

Почитувани, ИПА Регион Скопје во рамките на своите активности на ден 28.12.2022 во игротеката “Биен” во Скопје, организираше предновогодишна забава за најмладите, т.е. децата на членовите на ИПА Регион Скопје.
Настанот беше посетен од над 100 ИПА членови каде што од страна на Дедо Мраз,на сите присутни дечиња им беа подарени новогодишни пакетчиња .
Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на сите наши членови кои со своите дечиња дојдоа и ја подржаа оваа иницијатива, како и на на сите наши ИПА пријатели, членови и подржувачи кои несебично помогнаа да се одржи овој настан.
ИПА Регион Скопје продолжува и понатаму со своите активности во рамките на своите можности за олеснување на секојдневното функционирање и живеење на нашите полициски службеници и членови на ИПА.
Ве поздравуваме со нашиот поздрав ПРЕКУ СЛУЖБА ДО ПРИЈАТЕЛСТВО.
И.М.