Од соработка до збратимување, ИПА Скопје и ИПА Скадар

Од соработка до збратимување, ИПА Скопје и ИПА Скадар

Претседателот на ИПА Македонија, Регион Скопје, Игно Стоjков за време на својот годишен одмор во Република Албанија поточнои  во Велипоље,  оствари неформална средба со Потпретседателот на ИПА Албанијa (секција во формирање) Ardian Zaganjori и Претседателот на ИПА Регион Скадар Edra Beci
На средбата од страна на Потпретседателотна ИПА Албанија, Ardian Zaganjori даден е предлог за збратимување на ИПА Регион Скопје и ИПА Ipa Skodrini Region кои во текот на изминатите години одлично соработуваат.
Збратимувањето би требало да се случи на заеднички меѓународен ИПА настан од 08-10.10.2021 во Скадар, Албанија (доколку мерките вв COVID 19 го дозволуваат тоа) и секако по донесувањето на одлуката од страна на УО на ИПА Регион Скопје и на УО на ИПА Регион Скадар.
Во името на ИПА Регион Скопје, Претседателот на ИПА Регион Скопје се заблагодари за укажаната чест имајќи предвид дека ова би било прво збратимување на ИПА Регион од Албанија, и воопшто прво збратимување на Ипа Регион од С.Македонија и Албанија
На средбата Потпретседателот на ИПА Албанија даде свој допринос на музеј собата на ИПА МКД, Регион Скопје и на Претседателот му поклони Албанска Полициска Шапка.
Servo per Amikeco
И.С.