Иницијатива на IPA Регион Скопје

Иницијатива на IPA Регион Скопје

Ве известуваме дека на иницијатива на ИПА Регион Скопје во соработка со националната селекција на ИПА а со помош на ИПА пријатели (Пакунг и План плус) и од сопствените средства отпочна со набави определени количини на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција.

Истите во содејство со СВР Скопје на 20.03.2020 се поделени на нашите ИПА преставници кои во текот на денот ќе ги дистрибуираат до полициските службеници од 17 полициски станици, одделенија и сообраќајната полиција.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на раководството на МВР и СВР Скопје, на нашите ИПА пријатели кои како општествено одговорни компании несебично ни помогнаа а воедно и сите наши колеги кои се вклучени во реализацијата на овој проект.

Напоменуваме дека акцијата ќе продолжи.

Со почит,

Servo per Amikeco