Збратимување со IPA Темишвар

Збратимување со IPA Темишвар

Во перидот од 19-22 октомври 2018 година, 50 членови и ИПА претставници од ИПА Регион Скопје остварија посета на ИПА Регион Темишвар. Групата беше предводена од Претседателот на ИПА Регион Скопје, г. Игно Стојков и Генералниот секретар г. Игор Манојловски.

Целта на посетата беше склучување на Повелба за соработка помеѓу двата региони со кој во наредниот период ќе се овозможи планирање и развој на заеднички активности во согласност со Статутот на ИПА и националните секции, во насока на остварување на подобри резултати и продлабочување на меѓусебната соработка на членовите на двата региони и нивните национални секции.

За време на посетата од страна на домаќините, ИПА Темишвар, беше организирана посета на зградата на Локалната полиција на Темишвар каде беше остварена средба со Директорот на локалната полица Dorel Cojan и Началникот на ДОЦ Georgina Velicu и колегите од полициската станица и од близу имаа можност да се запознаат со нивната тековна работа. Покрај оваа средба, беше остварена прошетка низ центарот на градот со локален водич, како и две вечери на автентичен романски начин.

Повелбата за соработка беше потпишана на 21.10.2018 година и тоа во името на ИПА Темишвар од страна на Г-дин Gheorghe Moldovan како Претседател и г-дин Dorel Cojan а во името на ИПА Скопје од страна на г-дин Игно Стојков како Претседател и м-р Игор Манојлоски како Генерален секретар.

Пред заминување од Романија, беше организирана и посета на ИПА куќата во Темишвар каде се сместуваат делегациите кои пристигнуваат на настаните организирани од ИПА Темишвар.

За време на патувањето кон Скопје, беше реализирана и посета на Ниш каде делегацијата на ИПА Скопје беше пречекана од страна на Потпретседателот на ИПА Ниш, Саша Спасиќ.